Експлодираше уред за конфети во Швајцарија – 11 лица се повредени
Единаесет лица вчера се повредени кога компресор за воздух на топ за конфети експлодираше за време на карневал во швајцарскиот град Шабли во кантонот Вале, објавија локалните медиуми.
Тешко повредените беа однесено во болница со хеликоптер, објави кантоналната полиција.
Инцидентот се случи за време на карневалската парада, а истрагата ќе ја утврди точната причина и сите околности, соопшти полицијата.
Четири амбулантни возила, три хеликоптери и мобилна единица за интензивна нега интервенирале на местото на несреќата.
Организаторите на карневалот не сакаа да коментираат за инцидентот.
Во кантонот Вале, месец и пол по катастрофалниот пожар во Кран-Монтана, во кој загинаа 41 лице на новогодишната ноќ, општинските власти ги заострија прописите за да се осигурат дека се исполнети стандардите за противпожарна безбедност во јавните згради.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Мицкоски пред Фон дер Лајен: Македонија ги…
Обраќање на премиерот Мицкоски на заедничката прес-конференција…
Нема скратување на боледувањата, а контролите нема…
Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување,…
Албански државјанин почина во Кичево – ќе…
МВР информира дека вчера во 19:40 часот…
Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…