Експлозии низ Русија и на Крим по серија украински напади
Силни украински напади со дронови и проектили синоќа погодија повеќе руски региони, меѓу кои Липецк, Белгород и Волгоград. Експлозии се пријавени и на Крим, како и кај Мариупол, а пожари избиле на неколку локации. Нападите предизвикаа оштетувања на инфраструктура, вклучувајќи рафинерија и воен аеродром.
Во Туапсе, во Краснодарскиата област, рафинерија за нафта претрпела оштетувања и пожар по напад на дронови. Локалните руски власти соопштија дека пожарот зафатил површина од 50 квадратни метри. Во регионот на Ростов, цел на напад бил воениот аеродром Морозовск, но според руските власти, нема пријавено штета.
Украинските напади вклучуваа и други цели. Според извештаите, оштетена е трафостаница во Волгоград, додека во Мариупол експлозии биле забележани во близина на аеродромот и фабриката Илич.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека пресретнале голем број украински дронови, додека украинските власти не дадоа официјален коментар за нападите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неподнослива смрдеа во Скопје – ЦУК и…
Граѓани со часови се жалат за неподносливата…
Пожарот на косовската граница не се смирува,…
Големиот шумски пожар кој денеска избувна на…
(Видео) Руски дрон ја погоди фабриката на…
Руските сили со нови напаѓачки беспилотни летала…
Вучиќ за шпионирањето на студентите: И мене…
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги коментираше наводите…
Медведев со нови закани: Германија ја продолжува…
Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј…