Експлозија во германска фабрика за експлозивни средства
Силна експлозија се случи во фабриката за производство на експлозиви на германската одбранбена компанија „Diehl Defence“ во градот Тросдорф, во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, во западна Германија, објави весникот Bild.
Според информациите на весникот две лица се тешко повредени. На терен се наоѓа полицијата, противпожарната служба и спасувачки хеликоптер. Според прелиминарните податоци, експлозијата се случила во една од зградите на претпријатието околу 9,30 локално време. Во моментов истрагата смета дека се работи за производствена несреќа.
Зградата претрпе сериозни оштетувања. Засега пожарникарите не можат да влезат внатре за да го изгаснат пожарот. Според весникот Kölner Stadt-Anzeiger, корпорацијата „Diehl Defense“ работи со две подружници во Тросдорф – „Dynitec“ и „DynaEnergetics“.
Инженерскиот концерн „Diehl“, во кој е вклучена „Diehl Defense“, покрај цивилните производи, произведува системи за воздушна одбрана IRIS-T, кои, особено, се доставуваат во Украина, разни системи за муниција и детекција и комуникација. Во мај се случи пожар во „Diehl Metal Applications“, која исто така е дел од групацијата, во Берлин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силен земјотрес во Романија почувствуван и во…
Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според…
Путин и Си ја продлабочуваат соработката: Русија…
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател…
Кој го праша? Според Еди Рама, Бугарите…
Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека…
Откажуваат послушност: Француски полицајци не се јавиле…
Речиси 1.000 припадници на француските полициски единици…
Денес се празнуваат Преподобните маченици Галактион и…
Родени се во финикискиот град Едеса, обајцата…