Екс директорот на Здравствен дом – Куманово незаконски вработувал и го оштетил буџетот на установата за над 350.000 евра
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353 став 4, во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Пријавениот – како директор на Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ – Куманово, во периодот од 2020 до 2024 година склучувал незаконски договори на дело и вработувал лица во установата без претходно да добие одобрение од Министерство за здравство, а потоа и без да обезбеди согласност од Министерството за финансии незаконски вработил вкупно 127 лица, со што постапил спротивно на Закон за работни односи и спротивно на Закон за трансформација во редовен работен однос констатирано од Државен инспекторат за труд.
На тие лица, пријавениот незаконски им исплатил плати во вкупен износ од 21.594.510 денари и за таа сума го оштетил буџетот на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…
(Видео) Во Куманово се одржа собир за…
Голем број граѓани денеска се собраа во…
МВР: Поранешен директор го оштетил буџетот на…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43)…
Од силен ветер падна парче лим од…
Од силниот ветер, претпладнево падна дел од…
Нов случај на затруено дете во Куманово,…
Уште еден нов случај на затруено дете…