Екс-потпретседателката на Европскиот парламент останува во притвор уште најмалку два месеци
Европратеничката Ева Каили, до неодамна потпретседателка на Европскиот парламент, останува во притвор уште најмалку два месеца, одлучи денеска судот во Брисел. Претходно оваа недела, нејзината одбрана побара Каили да биде ослободена со нараквица за следење, објавија локалните медиуми.
Претходно денеска судот одлучи да го остави во затвор и европратеникот Марк Тарабела. Каили беше приведена во декември, а Тарабела на почетокот на февруари.
Во меѓувреме, судот го ослободи пријателот на Каили, Франческо Џорџи, нејзиниот татко, како и уште еден од наводните соучесници. Во затвор останува поранешниот европратеник Антонио Панцери, обвинет дека е шеф на организирана криминална група, кој стана сведок на обвинителството и се согласи на казна под законскиот минимум. Каили, Тарабела и Панцери беа обвинети за корупција во корист на Катар и Мароко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчките фармери денес на протест пред Парламентот
Фермери од цела Грција ќе се соберат…
(Видео) Тепачка во албанскиот парламент
На денешната пленарна седница на Албанското собрание,…
Парламентот на Република Српска ја назначи Ана…
Парламентот на Република Српска за привремен претседател…
Дојава за бомба во косовскиот парламент, сите…
Зградата на парламентот во Приштина беше евакуирана…
(Видео) Тепачки и димни бомби во српскиот…
Жесток хаос во моментов владее во Собранието…