ЕК за концертот на Томпсон: Го осудуваме секој израз на фашизам
Брисел – Европската комисија по повод неодамна одржаниот концерт на Марко Перковиќ – Томпсон, познат по истакнувањето на усташка симболика во своите песни и настапи, денеска соопшти дека остро го осудува секој израз на фашизам кој потсетува на најмрачните периоди од европската историја.
Комисијата потсети и дека земјите членки на Европската Унија се обврзани кривично да го санкционираат говорот на омраза.
Ова е одговорот на ЕК на хрватскиот портал „Индекс“, на прашањето како реагира на извикувањето на поздравот „За дом спремни“ на концертот на Томсон и на друга усташка симболика која со песни и симболи ја истакнуваа некои од посетителите на концертот одржан во Загреб, но и на изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој по концертот го бранеше изворно усташкиот поздрав „За дом спремни“ со зборовите дека тоа е „интегрален дел од репертоарот на Томсон“ и оти „сите мора да бидеме горди на концертот“.
– На ниво на ЕУ постои Рамковна одлука за борба против расизмот и ксенофобијата, со која земјите членки се обврзани кривично да го санкционираат говорот на омраза. Тоа вклучува јавно поттикнување на насилство или омраза кон поединци или групи врз основа на раса, боја на кожа, вера, потекло или национална односно етничка припадност, наведува ЕК во соопштението.
Се потсетува дека земјите членки се обврзани кривично да го гонат и јавното одобрување, негирање или грубо намалување на злосторства како што се геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.
– За секоја поединечна пријава за говор на омраза или злосторства од омраза надлежни се националните власти, кои се должни да постапуваат во согласност со националното законодавство со кое ја презеле оваа Рамковна одлука, наведува ЕК.
Марко Перковиќ – Томпсон е познат по глорифицирањето на усташтвото во своите песни и настапи, на кои често го извикува „За дом спремни“, официјален поздрав во нацистички ориентираната Независна Држава Хрватска и кој се смета за еквивалент на нацистичкиот повик „Зиг хајл“.
Концертите на Томсон досега беа забранети во Холандија, Германија, Швајцарија и Словенија, држави кои го опишуваат како промотор на неонацизмот и усташтвото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…