Објавено на:

ЕК: Мета со Инстаграм и Фејсбук го крши Законот за дигитални услуги

t

Европската комисија денеска ја обвини компанијата Мета за кршење на законот за социјални медиуми поради дизајнирањето на Фејсбук и Инстаграм со што ги навлекува корисниците подолго да останат на платформите. ЕК и нареди на Мета да ги оневозможи „клучните функции што предизвикуваат зависност“.

ЕК тврди дека Мета не успеала правилно да ги процени ризиците по физичкото и менталното здравје на корисниците, вклучително и на малолетниците, од дизајнерските функции. Според ЕК, иако постојат алатки кои помагаат во користењето на Фејсбук и Инстаграм, тие лесно можат да се игнорираат или отфрлат.

Според ЕК, Мета „мора да спроведе промени во дизајнот“ на Инстаграм и Фејсбук за да оневозможи автоматско репродуцирање на видеа и бесконечно прегледување на содржините.

Обвинувањето на Мета од страна на ЕК, е во рамките на истрагата заснована на Законот за дигитални услуги, со кој на технолошките платформи им се налага да ги штитат корисниците на интернет. За прекршителите предвидени се и високи парични казни.

Ако Мета биде санкционирана, казната би можела да изнесува до шест проценти од глобалните годишни приходи на компанијата.

Од почетокот на оваа истрага, воведовме профили за тинејџери кои автоматски ги штитат и им даваат контрола на родителите, дозволувајќи им да го блокираат пристапот до Инстаграм ноќе и да го ограничат времето поминато пред екран на само 15 минути дневно, се посочува во соопштението на Мета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мета отпушта 10 проценти од работните места,…

Компанијата Мета денес ги информираше вработените дека…

„Мета“ избриша над половина милион профили во…

Технолошката компанија Meta соопшти дека деактивирала повеќе…

Бајден ја осуди одлуката на Мета да…

Американскиот претседател Џо Бајден остро ја критикуваше…

Доколку го забележите овој предмет на вашиот…

Крадците ги избираат своите цели според два…

Повторно падна Фејсбук…

Апликациите на МЕТА повторно се соочуваат со…