ЕК подготвува план Б за Украина, тврди Орбан

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа Х објави дека Европската комисија подготвува план Б кога е во прашање финансирањето на Украина и рече дека Будимпешта го поздравува тој потег.

„Добро е да се види дека Европската комисија го подготвува планот Б за 1 февруари, според кој финансиската поддршка за Украина може да се обезбеди надвор од буџетот на ЕУ. Ова е добра одлука! „План Б“ на Европската комисија е „план А“ на Унгарија!“ – рече Орбан.

Претходно претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕК подготвува алтернативни опции за обезбедување финансиска помош за Украина, потсетува РИА Новости.

Британскиот весник „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори, објави дека Европската унија подготвува резервен план за помош на Украина во износ до 20 милијарди евра со зголемување на долгот, што ќе овозможи заобиколување на блокадите на Орбан.

Унгарија на самитот во декември го блокираше договорот на Европската унија за 50 милијарди евра за Украина од буџетот на Унијата. Тогаш 26 земји од ЕУ се согласија да и обезбедат на Украина пари од буџетот на ЕУ до 2027 година, но Унгарија беше против тоа и потребна е едногласна одлука.

„Отсекогаш сум велел дека ако некој сака да го измени буџетот – и тоа го прави – тогаш е одлична можност Унгарија јасно да каже дека мора да го добие она што и припаѓа. Не половина, ниту една четвртина“, рече Орбан во таа прилика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: Фицо е „меѓу животот и смртта“

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот…

Орбан: Јас сум единствен кој се бори…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека тој…

„Фајненшл тајмс“: Кина најде неочекуван сојузник во…

По посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг…

Орбан и Си потпишаа бројни договори- од…

Унгарија е најголемиот пријател на Кина во…

ЕК: Србија и Косово ризикуваат да загубат…

Србија и Косово треба конструктивно да се…