Емотивен статус на Ангелов: Продолжија со пукање да ме дотепаат ама останав жив – На денешен ден во 2001 година, битката за Арачиново
Ме утепаа но останав жив. Продолжија со пукање да ме дотепаат но пак останав жив.На денешен ден во 2001-та во битката за Арачиново, напиша на својот Фејсбук, поранешниот полициски генерал Стојанче Ангелов сеќавајќи се на битката за Арачиново.
-Со прострелна рана во градите, со разнесен бел дроб, речиси без крв но сепак жив.Сакајте го животот и здравјето секогаш. Еден ден ќе ги снема. Можеби тогаш кога најмалку очекувате, напиша Ангелов.
Од 21 до 25 јуни 2001 година траеше битката во селото Арачиново. Oвој вооружен судир меѓу македонските безбедносни сили на АРМ и МВР и албанските терористи на ОНА во селото е еден од најконтроверзните настани од конфликтот во Македонија во 2001 година. Тогаш претставниците на НАТО Хавиер Солана, Џорџ Робертсон и Питер Фејт успеаа да договорат со тогашниот претседател Борис Трајковски албанските терористи и странски воени обучувачи да бидат извлечени од Арачиново. Тогаш почнаа и преговорите за мирна разрешница на конфликтот, што заврши во август со Рамковскиот договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов случај на западнонилска треска и во…
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска…
Полицијата пукаше во Арачиново, возач со камион…
– На 24.05.2026 околу 12:00 часот на…
МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во…
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов,…
Малолетник повреден од остар предмет во училиште…
На 23.04.2026 во 10:30 часот во СВР…
(Видео) Гори дива депонија во Арачиново –…
Загрижени граѓани испратија видео до редакцијата на…