Објавено на:

Енергетски ефикасни домови: Субвенционирање и поддршка од Општина Битола

t

Врз основа на Програмата за заштита на животната средина на Општина Битола за 2022 година, општината објави јавен повик со цел остварување на целите и имплементација на активностите предвидени со Проектот „Енергетски ефикасни домови”.

Предмет на Јавниот повик е субвенционирањето и поддршката на Заедниците на сопственици или овластени Управители на станбени згради за колективно домување во Општина Битола за инвестиции со мерки за енергетска ефикасност во заедничките делови на зградите за колективно домување во делот на Енергетски ефикасна фасада.

Вкупниот буџет кој е планиран за овој Јавен повик е во висина од 3.000.000,00 денари.

Субвенционирањето ќе биде поддржано со финансиски средства од Буџетот на Општина Битола, согласно Програмата за заштита на животната средина на Општина Битола за 2022 година во висина од 30%, но не повеќе од 750.000,00 денари од вкупниот износ на вредноста на инвестицијата за секоја одобрена апликација.

Повеќе информации за начинот на аплицирање и потребната документација, ќе прочитате на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-efikasni-domovi/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа кај Битола: Четири возила…

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на…

(Видео) Битола „на вода“ по вечерашното невреме

Силно невреме со обилен дожд вечерва ја…

Во битолското земјоделско училиште се запишале само…

Министерката за образование и наука Весна Јаневска…

Матурантката од Битола, Искра Нечаковска, освои сребрен…

Македонското знаме се развиори во Шведска на…

Мечка нападна стадо во битолско, усмртена една…

Мечка утрово нападнала стадо овци во атарот…