ЕП ќе ја тужи ЕК поради тоа што и дозволи на Унгарија да има пристап до европските фондови
Европскиот парламент ќе ја тужи Европската комисија поради нејзината ланска одлука да и дозволи на Унгарија пристап до милијарди евра кои и беа замрзнати во европските фондови, пишува Фајненшл тајмс. Претседателката на парламентот најавила дека ќе поднесе тужба пред 25 март.
Лидерите на партиите во Европскиот парламент се договориле да ја тужат ЕК пред Европскиот суд на правдата.
Потегот на ЕП може, според весникот, да ја искомплицира кандидатурата на Урсула фон дер Лајен за втор мандат на претседател на Комисијата оваа година.
Пред една година, извршната власт на Европската унија блокираше значителни суми пари наменети за Унгарија, загрижена дека демократското назадување на националистичката влада на премиерот Виктор Орбан може да го загрози европскиот буџет.
На 13 декември, ЕК деблокираше третина од околу 30 милијарди евра средства бидејќи Орбан изгледаше подготвен да им пркоси на своите партнери во ЕУ и да стави вето на отворањето на преговорите за членство со Украина и финансирањето на нејзината економија разурната од војна.
По потегот на Фон дер Лајен, Орбан ја поддржа одлуката на ЕУ да испрати помош од 50 милијарди евра за Киев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија отвори дел од архивите на комунистичката…
Унгарија објави дел од достапните податоци од…
Унгарија најави откажување од руските енергенси до…
Унгарија планира да се откаже од руските…
Маѓар продолжува со чистката во Унгарија: Се…
Унгарската владејачка партија „Тиса“ ќе го поддржи…
Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…
Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…
Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…