Ердоган веќе нема да се кандидира за претседател
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема намера повторно да се кандидира за претседател, нагласувајќи дека на земјата ѝ е потребен нов устав што ќе го одразува духот на модерното време и демократските вредности.
„Немам намера повторно да се кандидирам за претседател. Нашата единствена цел е да го подобриме угледот на нашата земја. Турција се менува, светот се менува. Живееме во нова ера. Дали мислите дека во таков динамичен свет можеме да напредуваме со устав создаден во времето на пучот, кој сè уште го зрачи менталитетот на пучистите? Турција повеќе не може да продолжи напред со таков устав. Ни треба устав што ќе го предлагаат цивили, а не пучисти“, рече Ердоган.
Ердоган беше избран за претседател на Турција по трет пат во 2023 година и ќе остане на таа позиција до 2028 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…