Ердоган во разговор со Путин повикал на “праведен мир” и да се спречи понатамошна загуба на животи
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин повика на „праведен мир“ во Украина, соопшти кабинетот на турскиот претседател на првата годишнина од руската инвазија.
„Претседателот Ердоган ја нагласи потребата да се постигне праведен мир со цел да се избегне понатамошна загуба на човечки животи и уништување“, стои во кратката изјава.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, Ердоган се обидува да балансира меѓу Киев и Москва.
Во септември минатата година тој понуди да посредува со цел да се реши кризата околу нуклеарната централа „Запорожје“.
Анкара испрати беспилотни летала во Киев, но турската влада одби да се приклучи на западните санкции против Русија.
Ердоган во петокот телефонски разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон, кој му рече дека е неопходно „да се зајакне притисокот и изолацијата на Русија“ за таа да се „откаже“ од својата агресија врз Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…