Ердоган: Немаме проблем со инфлацијата, туку проблем со трошоците за живот
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека повторно ќе ги намали каматните стапки откако инфлацијата во Турција во мај достигна 73,5 отсто на годишно ниво, објави Бета.
„Никој да не го очекува тоа од нас. Оваа влада нема да ги зголемува каматите. Напротив, ќе продолжиме да ги намалуваме“, рече Ердоган.
Спротивно на традиционалните економски теории, Ердоган смета дека високите каматни стапки ја стимулираат инфлацијата.
Ердоган ја принуди централната банка на крајот на 2021 година да ја намали каматната стапка од 19 на 14 отсто, од септември и декември истата година, што предизвика колапс на националната валута.
Инфлацијата во Турција во мај достигна 73,5 отсто на годишно ниво, што е најмногу од декември 1998 година, поттикната од растот на цените на енергијата и храната, покажуваат неодамнешните официјални бројки.
Инфлацијата е во центарот на сите дебати во Турција, една година пред претседателските избори, закажани за јуни 2023 година. Опозицијата и многу економисти го обвинуваат Националното биро за статистика дека свесно и многу ја потценува инфлацијата.
„Немаме проблем со инфлацијата, туку проблем со трошоците за живот“, рече Ердоган.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Торнадо во Анталија усмрти четворица градежни…
Најмалку четворица градежни работници загинаа, а петтиот…
Македонија со пониска инфлација од просекот на…
Годишната инфлација во Европската Унија во септември…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…