Објавено на:

Ердоган обвини: Бајден не помага во решавањето на украинската криза

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека американскиот претседател Џо Бајден и другите западни земји не помогнале во решавањето на кризата меѓу Русија и Украина.

Турскиот претседател оцени и дека нема европски лидери способни да ја решат ситуацијата, објавија денеска турските медиуми, пренесува „Ројтерс“.

По враќањето од Киев, каде што се сретна со неговиот украински колега Володимир Зеленски, Ердоган рече дека многу ја цени планираната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Турција.

Во Киев турскиот претседател повторно им понуди на украинските власти официјална Анкара да биде посредник во решавањето на кризата со Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Катар ќе има одделни разговори за прекин…

Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…