Објавено на:

Ердоган од Њујорк повика на достоинствен излез за страните од судирот во Украина

t

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска од говорницата на Генералното собрание на ОН повика да се најде „достоинствен” излез на сите страни од судирот во Украина.

– Заеднички мораме да најдеме разумно дипломатско решение што на обете страни ќе им понуди достоинствен излез од кризата”, рече Ердоган во Њујорк.

Претседателот на Турција додаде дека треба да се интензивираат напорите за завршување на војната, врз основа на „територијален интегритет и независност на Украина”.

Ердоган додаде дека треба да победи чесен мировен процес, потсетувајќи дека Турција успеа од почетокот на конфликтот на своја територија да собере претставници и на Русија и на Украина.

Турскиот претседател кој успеа да ги одржи врските и со Москва и со Киев од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, редовно се нуди да посредува во конфликтот, повторувајќи ја потребата од изнајдување договор што ќе ги задоволи двете страни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запалена сува трева е причината за пожарот…

Пет патнички возила се зафатени со пожарот…

Уапсен скопјанец за изнудување пари, доби притвор…

Уапсен е сторител на кривично дело „изнуда”…

Маск: „Тесла“ ќе претстави робот-такси на 8…

Американскиот производител на електрични возила „Тесла“ планира…

На Кина и се заканува колапс, имаат…

Ако го прашате 72-годишниот фармер Хуанчун Као…

Полицијата однесе докази од куќата во која…

Десет дена траеше опсежна потрага по Данкa…