Објавено на:

Ердоган планира тет-а-тет средба со Путин за договорот за жито во Црното Море

t

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во услови на згуснат распоред, следниот месец, доколку добие шанса, би можел да разговара лице в лице со неговиот руски колега за договорот за извоз на жито преку Црното Море.

„Во септември, има состанок на Г-20 во Индија и Генералното собрание на ОН во САД. Ако најдеме можност со оваа набиена агенда, ќе се сретнеме и ќе разговараме со (Владимир) Путин лице в лице“, им рече Ердоган на новинарите, пренесува Анадолија.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан може наскоро да ја посети Русија за да разговара лично, дополни Ердоган, додавајќи дека тоа може да даде подобри резултати.

За можните руско-украински мировни преговори, Ердоган изрази надеж дека ќе има резултати доколку и Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски се договорат за турско посредување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина е подготвена за прекин на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска пред…

Путин и Трамп веројатно ќе се видат…

Путин е подготвен да се сретне со…

Клековски: Земаат боледување, а на Инстаграм објавуваат…

Целта на измените на Правилникот за боледување…

16-годишно момче возело кола и се судрило…

Момче на возраст од 16 години е…

Калин Ивановски со победа го започна турнирот…

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, со победа…