Објавено на:

Ердоган: Членството на Турција во ШОС не значи вртење грб на Западот

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека перспективата за членство на Турција во Шангајската организација за соработка (ШОС) никогаш нема да значи вртење грб на Западот, нагласувајќи дека Анкара се стреми да го зголеми своето глобално влијание преку „визија од 360 степени“.

„Нашата цел е да ја зголемиме сопствената тежина со визија од 360 степени“, изјави Ердоган во претседателскиот авион по враќањето од самитот на ШОС во Бишкек, Киргистан, на кој учествуваше на покана на претседателот на земјата, Садир Жапаров, пренесува Анадолија.

Ердоган нагласи дека Турција сака да води широка надворешна политика и да развива односи со различни центри на моќ.

Зборувајќи за војната во Украина, Ердоган рече дека и тој и рускиот претседател Владимир Путин сакаат конфликтот да заврши мирно што е можно поскоро, нагласувајќи ја важноста на безбедноста на цивилниот поморски сообраќај во Црното Море, предупредувајќи дека борбите не смеат да достигнат ниво каде што би биле загрозени цивилите и комерцијалните активности.

Ердоган, исто така, предупреди дека повторно се појавува закана од криза со жито, особено во Африка, оценувајќи дека би било корисно да се започне иницијатива пред проблемот да се прошири понатаму.

Зборувајќи за одбранбените прашања, Ердоган рече дека Турција ги продолжува разговорите со САД за повторно вклучување во програмата за борбени авиони Ф-35.

„Продолжуваме со дискусиите за повторно вклучување на Турција во програмата. Кога ќе завршат процесите во САД, ова прашање ќе биде зад нас“, рече Ердоган, истовремено нагласувајќи дека Анкара нема да се откаже од развојот на сопствените одбранбени капацитети.

Ердоган ја повика Грција да го напушти она што го нарече „погрешен пат“ и да престане да ги вооружува островите што имаат демилитаризиран статус.

„Историјата е многу добар водич за оние што учат од неа“, рече Ердоган, додавајќи дека Турција нема територијални претензии кон други земји, но дека нема да дозволи, како што рече, никому да ги крши нејзините права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Членството на Турција во ШОС не…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…

Турција заработи над една милијарда долари од…

Владини и филмски претставници синоќа во Истанбул…

Меџити: Пријателството меѓу Македонија и Турција останува…

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по…

Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…

Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…

Турција издаде меѓународна потерница за Нетанјаху

Турција издаде меѓународна потерница за израелскиот премиер…