Ердоган ја зголемува минималната плата во Турција за повеќе од 54%
Од 1. јануари минималната плата во Турција се зголемува за 54,5 отсто.
Покачувањето го најави претседателот Реџеп Таип Ердоган, а пренесува агенцијата „Anadolu“. Нето минималната плата ќе биде 8.500 турски лири (455 долари) месечно, во споредба со претходните 5.500 лири (295 долари) месечно. Ердоган објасни дека во процесот на утврдување на минималната плата е посветено големо внимание на правата на работниците и работодавачите. Останува можноста за ревидирање на оваа одлука и ново зголемување ако се појави потреба.
Последните податоци на Турскиот статистички институт (TurkStat), покажуваат дека годишната стапка на инфлација во Турција во ноември е намалена за 1,2 отсто во однос на октомври годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…