Објавено на:

Ердоган ќе му предложи на Путин да се сретне со Зеленски?

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средбата во Самарканд со рускиот колега Владимир Путин повторно ќе предложи средба со украинскиот лидер Володимир Зеленски.

„Најважната тема на средбата меѓу Ердоган и Путин ќе биде ситуацијата во Украина. Ердоган ќе му ја пренесе пораката на рускиот колега дека Турција ќе продолжи да вложува максимални напори за завршување на војната и постигнување одржлив прекин на огнот во рамките на иницијативите за посредување. Претседателот Ердоган, кој на Путин ќе му го повтори предлогот за средба на лидерите во Турција, ќе нагласи дипломатско решение. Се очекува за време на средбата меѓу двајцата лидери на дневен ред да биде евентуална воена операција против Сирија“, пишува весникот „Хуриет“.

Се наведува и дека една од главните точки на агендата на претстојната средба меѓу лидерите на Турција и Русија ќе биде функционирањето на „коридорот за храна“.

„По изјавата на Путин дека, за жал, житото оди во богатите земји, Ердоган ќе побара руската стока да се испраќа преку коридорот на бродовите што ги координира Турција“, прецизира весникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…