Објавено на:

Ерменија и Азербејџан потпишаа мировен договор, Иран не го одобрува транзитниот коридор

t

Советникот на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, порача дека Иран нема да го одобри создавањето на коридор на Кавказ, проект поддржан од американскиот претседател Доналд Трамп за поврзување на Азербејџан со неговата енклава Нахчиван преку ерменска територија.

„Спроведувањето на овој заговор би ја загрозило безбедноста на Јужен Кавказ, а Иран нагласи дека, со или без Русија, ќе дејствува за да ја гарантира безбедноста на Јужен Кавказ. Исто така, сметаме дека Русија стратешки се противи на тој коридор“, изјави Али Акбар Велајати за иранска новинска агенција.

Според зборовит на американскиот претседаел, Доналд Трамп, спогодбата што ја постигнаа во Вашингтон азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан го завршува повеќедеценискиот територијален спор меѓу нивните земји.

Спогодбата предвидува создавање транзитна зона што минува низ Ерменија за да го поврзе Азербејџан со неговата енклава Нахчиван, што е долгогодишно барање на Баку.

Во тој стратешки важен регион богат со гас и нафта, САД ќе имаат право да развијат коридор наречен „Трамповиот пат за меѓународен мир и просперитет“.

Иран долго време се спротивставува на коридорот, плашејќи се дека ќе го отсече од Кавказ и ќе донесе странско, особено американско, присуство на неговата граница.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изутрината го поздрави мировниот договор меѓу Ереван и Баку, постигнат со посредство на Вашингтон, но предупреди дека е против „каква било странска интервенција“, со оглед на правата за развој дадени на САД во тој коридор во близина на иранската граница. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: „Војната со Иран ќе заврши по…

Во време кога војната со Иран почнува…

Израел да се повлече од Либан, а…

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…

МААЕ ќе го пријави Иран во Советот…

Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за…

Нетанјаху: Иранскиот режим е на пат да…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска, за време…

Иран напаѓа американски бази во четири земји…

Иран ги прошири своите одмазднички напади врз…