ЕСМ: Продаваме „ноќни вишоци“ струја по цена 250 до 320 евра за мегават час

t

ЕСМ продава само „ноќни вишоци“ електрична енергија, кои остануваат во периодот 2 до 7 часот и кои произлегуваат од работењето на термоелектраните во најнизок режим на одржување во текот на ноќта, до засиленото производство на почетокот на денот, се наведува во реакцијата на АД ЕСМ на прес-конференцијата на Сојузот на стопанските комори (ССК).

Цените на таа ноќна енергија се движат од 250 до 320 евра за мегават час. Ноќната енергија нема врска со базната и пиковата енергијата, чии цени достигнуваат до 700 евра, односно тоа се различни работи. Купувачи на ноќните вишоци се сите стопански субјекти кои имаат потреба од струја во текот на ноќта или трговци со струја, се наведува во реакцијата на ЕСМ.

Од компанијата посочуваат дека АД ЕСМ работи максимално, согласно моменталните капацитети и ресурси и целосно ги задоволува потребите на граѓаните и малите потрошувачи, за кои и има законска обврска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ: Поради пукната цевка, блокот со кој…

Во текот на изминатиот период, како резултат…

Бислимоски: Државата можеше, ама не изгради големи…

Во 30 години независност Македонија како држава…

Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…

Денови повторно е актуелна темата за законската…

Британците предупредија на уште една тешка зима

Сметките за енергија се очекува нагло да…

ЕСМ во наредните денови ќе ги замени…

Доколку не бидат поставени топловодните цевки на…