Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев – прашуваат од СДСМ
Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев? – прашуваат од СДСМ.
Кога директор на државна институција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ е фатен со обележани банкноти за мито јасно е дека корупцијата во земјоделието цвета.
Година и пол се зборува дека се бараат провизии, дека се задржуваат предмети, дека службеници трпат притисоци. Сега тоа доби потврда со раце фатени во криминал.
Очигледно станува збор за систем на рекетирање во институција што треба да биде мотор на развојот. И тоа е систем на ВМРО-ДПМНЕ и на никој друг.
Со години се градеше поинаков систем што требаше да им помогне на земјоделците, да ја отвори вратата кон европските фондови и модерно земјоделство. Но за само година и пол под оваа власт на ДПМНЕ, сè е срушено!
Се потврдува оценката на Европската унија во својот најнов извештај: „нула напредок во борбата против корупцијата.“
Наместо да зборуваме за инвестиции, модерни фарми и извоз, денеска зборуваме за рекет, обележани пари и мито во фиоки.
Прашањето сега е што правиме со министерот Цветан Трипуновски?
Зошто молчи? Ќе има ли оставка од Трипуновски, ќе понесе ли одговорност? Или ќе гледаме уште една фарса со смена на некој службеник, додека главните виновници остануваат недопирливи?
Дали ова е дел од поширок систем на злоупотреба на европски пари што треба да завршат кај земјоделците, а завршуваат во партиски џебови?
Колку други случаи на земање мито и корупција се прикриени во Агенцијата и Министерството?
Додека земјоделците чекаат исплати, парите од ИПАРД и субвенции завршуваат во рацете на партиски рекетари и за тоа мора да има одговорност од сите. – додаваат од СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…
Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…
Петров: Изборот на Филипче за претседател на…
Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…