ЕУ бара Маск да ги врати неограничените услуги на Старлинк за Украина
Европската Унија ги оцени како длабоко загрижувачки и во спротивност со досегашната практика извештаите дека сопственикот на „СпејсИкс“, Илон Маск, наредил ограничување на сателитската интернет-услуга Старлинк во Украина и побара итно целосно обновување на сите услуги што се клучни за управување со украинските беспилотни летала.
– ‘СпејсИкс’ мора итно да ги обнови услугите во целост за Украина, на која тие ѝ се потребни за управување со беспилотните летала што се користат за одбрана на нејзината територија – изјави портпарол на ЕУ во Брисел. Тој додаде дека војната покажала колку европската безбедност зависи од инфраструктурата во вселената, поради што ЕУ активно работи на развојот и изградбата на нова сателитска мрежа ИРИС2 со повеќе од 300 сателити, во која целосно ќе ја вклучи и Украина, со цел да обезбеди високобезбедни комуникации за цивилни и воени цели.
Претходно, „Волстрит џурнал“ (WSJ) и „Си-би-ес њуз“ објавија дека Маск стои зад ограничувањата на сателитскиот интернет Старлинк, управуван од неговата компанија „СпејсИкс“. Според извештаите на медиумите, Маск одржал неколку разговори со владини претставници пред носењето на одлуката со цел да добие појаснување за ставот на претседателот Доналд Трамп, а двајцата имале и директен телефонски разговор откако биле воведени мерките.
За време на самитот на ЕУ во Брисел, украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека мобилните терминали на Старлинк што се користат за управување со беспилотните летала престанувале да воспоставуваат врска откако леталата ќе достигнеле одредена брзина, што директно влијае врз летала наменети за одбрана и напади врз воени цели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…
Објавата на Топ ченел има политичка заднина…
Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…
Москва oд Абу Даби: НАТО да се…
Русија го покрена прашањето за враќање на…
ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…
На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…
Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не…
Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка…