ЕУ ги донесе заклучоците за Косово: Еве што ИТНО мора да направи државата
Лидерите на земјите членки на Европската унија денеска донесоа заклучоци во кои ги осудија неодамнешните инциденти на северот на Косово и повикаа на итна деескалација на ситуацијата, врз основа на клучните елементи кои Европската унија веќе навести на 3 јуни 2023 година.
Во заклучоците на Европскиот совет за Косово се наведува дека партиите треба да создадат услови за предвремени избори во сите четири општини на северот на Косово, како и дека неуспехот да се деескалираат тензиите ќе имаат негативни последици.
-„Од суштинско значење е да се продолжи дијалогот со посредство на ЕУ, предводен од високиот претставник и брзата имплементација на Договорот за патот кон нормализација и неговиот Анекс за имплементација. Ова вклучува формирање на Асоцијација/Заедница на општини со српско мнозинство. “ се наведува во документот.
Во исто време, Европскиот совет потсетува на Декларацијата од самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун на 21 јуни 2003 година, како и на последователните декларации од Софија, Загреб, Брдо Бриони и Тирана и нејзините претходни заклучоци, особено оние од 23-24 јуни 2022 година и ја повторува својата целосна и недвосмислена посветеност на изгледите за членство на Западен Балкан во ЕУ и нејзината поддршка за забрзување на процесот на пристапување заснован на заслуги и поврзаните реформи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…