ЕУ ги продолжи санкциите против Русија поради Крим
Европскиот совет во понеделникот објави дека ги обновува санкциите воведени во 2014 година откако Русија ги анектираше Крим и Севастопол. Мерките ќе бидат продолжени до 23 јуни 2023 година и вклучуваат забрани за увоз на производи кои доаѓаат од припоените области, инфраструктурни или финансиски инвестиции, туристички услуги, како и извоз на одредени стоки и технологии.
„Европската унија е непоколеблива во својата посветеност да и помогне на Украина да го искористи своето вродено право на самоодбрана од руската агресија и да изгради мирна, демократска и просперитетна иднина. Таа, исто така, останува посветена да продолжи да ја зајакнува способноста на Украина да го брани нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. “, соопшти Советот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Путин ја претстави најновата руска нуклеарна…
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот учествуваше…
Кос: Албанија би можела да стане членка…
Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска…
Лидерите од Брдо-Бриони побараа објективен и предвидлив…
Целосното и навремено членство на земјите од…
Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора:…
Црна Гора нема да ги затвори преговорите…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…