Објавено на:

ЕУ ги укинува маските во авионите и аеродромите

t

Маските за лице повеќе нема да мора да се носат на аеродромите и летовите во Европа, објавија Агенцијата за безбедност на воздушниот сообраќај на Европската унија (EASA) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).

Одлуката стапува на сила во понеделник, 16 мај.

Иако нема да има повеќе обврски, се нагласува дека маските се сепак најефективниот начин за запирање на ширењето на Ковид-19.

„Од следната недела, маските за лице повеќе нема да бидат задолжителни во воздушниот транспорт во сите случаи, што ќе не усогласи со широко распространетите променети правила за јавниот превоз низ Европа“, стои во соопштението на ЕАСА.

„На сите ни олесна што конечно стигнавме до фаза на пандемијата каде што можеме да почнеме да ги олеснуваме мерките за здравствена безбедност“, рече извршниот директор на EASA, Патрик Ки.

„За многу патници, но и за членовите на екипажот, постои силна желба маските повеќе да не се задолжителен дел од воздушниот сообраќај. Сега сме на почетокот на тој процес“, посочи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бесплатен интернет на 72 локации во 64…

Вкупно 72 локации во 64 општини низ…

ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…

Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…

Експлозија во стан во Аеродром!

На 09.11.2026 во 04:50 часот во СВР…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…

Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…