Објавено на:

ЕУ го осуди вчерашниот напад во Ирак

t

Дипломатската служба на ЕУ го осуди вчерашниот напад што се случи во областа Дохук во Ирак, при што настрадаа повеќе цивили, јави дописничката на МИА од Брисел.

Нападот се случи вчера близу туристички хотел на границата меѓу ирачкиот Курдистан и Турција. Осум цивили починале, а 23 се повредени според ирачките власти, кои ја обвинија Турција за артилерискиот напад.

Анкара ги отфрла обвинувањата.

Европската Унија изрази жалење за жртвите и нивните семејства и побара истрага да докаже кој е виновен за нападот.

– Таргетирањето и убивањето цивили се спротивни на меѓународното право. Треба да се отвори истрага за да се утврди кој е одговорен за нападот и да има отчетност, соопшти дипломатската служба на ЕУ.

ЕУ им изрази солидарност на граѓаните на Ирак и ги уверува дека нејзината поддршка за стабилноста и суверенитетот на Ирак останува непоколеблива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарците усвоија закон со кој политичарите се…

Унгарскиот парламент усвои закон со цел оддалечување…

Кос: Албанија би можела да стане членка…

Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска…

Лидерите од Брдо-Бриони побараа објективен и предвидлив…

Целосното и навремено членство на земјите од…

Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора:…

Црна Гора нема да ги затвори преговорите…

ЕУ предлага санкции за една банка и…

Европската комисија предложила воведување санкции за една…