ЕУ дава 1.8 милиони евра за Албанија, Македонија и Црна Гора да се борат против сајбер заканите

t

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска најави дека ЕУ ќе ја зголеми поддршката за Албанија, Црна Гора и Македонија во борбата против заканите во сајбер-просторот. Како што наведе, новиот пакет поддршка ќе изнесува 1,8 милиони евра, се вели во соопштението.

„Со оваа помош во борбата против заканите за сајбер безбедноста, ќе им помогнеме на нашите партнери од Западен Балкан да ги зголемат нивните сегашни оперативни капацитети за откривање, спречување и одбивање напади врз нивните дигитални инфраструктури и системи“, рече Борел.

Овој пакет ја надополнува претходната поддршка за Албанија, Црна Гора и Македонија, во износ од 2,6 милиони евра, што дојде по наглото зголемување на ризикот од сајбер закани против земјите кои се усогласија со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија. што вклучува воведување санкции Русија поради инвазијата на Украина.

„Додека се справуваме со предизвик заеднички за сите нив, поддршката на ЕУ ќе одговори на специфичните локални потреби на секоја земја партнер“, се вели во изјавата на високиот претставник на ЕУ, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еди Рама: Никој не може да ме…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…