ЕУ до Рама: Албанија има можност да ги затвори преговорите до 2027 година
Делегацијата на Европска Унија во Албанија, им честиташе на премиерот Еди Рама и на сите министри од новиот кабинет, за преземањето на функцијата.
Во соопштението објавено на социјалните мрежи, се наведува дека Албанија има можност да ја постигне амбициозната цел за завршување на преговорите за членство во ЕУ до крајот на 2027 година.
– Честитки до премиерот Еди Рама и до сите министри за преземањето на функцијата. Со постојан напор за усвојување и спроведување на потребните реформи преку транспарентни и инклузивни процеси, Албанија може да ја постигне амбициозната цел за затворање на преговорите за членство во ЕУ до крајот на 2027 година. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со сите засегнати страни во Албанија за да го постигнеме овој историски момент, во корист на албанските граѓани, наведува Делегацијата на ЕУ на платформата Икс.
Честитка до Рама по повод неговиот четврт мандат како премиер, упати украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
– Честитки Еди Рама за вашиот реизбор за премиер на Албанија. Со нетрпение очекувам да го продолжиме нашиот одличен дијалог и да работиме заедно за да постигнеме траен мир и безбедност за цела Европа, напиша Зеленски на Икс.
Тој, исто така му посакува на Рама „успех во реализацијата на амбициозните планови за Албанија и нејзиниот пат кон интеграција во ЕУ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент
За време на денешната седница албанскиот парламент…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…