ЕУ запре 700 милиони евра за Унгарија
Двајца комесари на Европската унија изјавија во Европскиот парламент дека извршната власт на ЕУ сè уште не е подготвена да отклучи милиони евра средства за закрепнување на Унгарија.
Унгарија сè уште чека да добие средства од фондот за закрепнување на ЕУ од 700 милиони евра, кој беше формиран по пандемијата на корона вирусот, а Европската комисија изјави дека средствата нема да бидат ослободени додека владата на Виктор Орбан не ги реши долгогодишните прашања на судството и владеењето на правото, пренесува „Еурактив“.
Говорејќи вчера во Европскиот парламент, комесарот за правда Дидие Рејндерс го поздрави новото унгарско законодавство воведено во јуни, кое има за цел да одговори на загриженоста на ЕУ за независноста на судството во Унгарија.
„Сепак, тоа не е крајот на процесот. Унгарија, исто така, треба да ги заврши следните чекори на имплементација“, истакна Рејндерс.
Комесарот за буџет Јоханес Хан пред европратениците изјави дека во Унгарија веќе се случиле некои вредни промени.
Тој додаде дека дијалогот со Унгарија е особено интензивен за прашањата поврзани со спречување на ризикот од судир на интереси во управните одбори од јавен интерес, како и за опсегот на надлежностите на новосоздадениот орган за интегритет.
Дебатата во парламентот дојде откако партијата Фидес, предводена од унгарскиот премиер Виктор Орбан, поднесе предлог-закон до парламентот за „Заштита на националниот суверенитет“ за одбрана од, како што рече, несоодветното политичко мешање на странски лица или групи, пренесува RT.
„Јасно е дека Унгарија не постигна ефикасен или доволен напредок кон исполнувањето на условите за независност на судството. Всушност, се чини дека унгарската влада вложува повеќе напори да ги саботира и да ги исфрли реформите отколку да ги спроведе“, рече пратеникот на ЕПП Јероен Ленаерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
23 европарламентарци побараа суспензија на пристапните преговори…
Група од околу 20 претставници на Европскиот…
Фон дер Лајен: Украина ќе може да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање…
Унгарија протерува 10 руски дипломати поради „неприфатливи…
Унгарската влада нареди 10 руски дипломати да…