ЕУ и НАТО ќе соработуваат со Трамп за решавање на заедничките предизвици

t

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека со нетрпение очекува повторно да работи со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за зајакнување на трансатлантските врски, додека генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека ќе работи со него за решавање на заедничката закана од Русија во Украина.

Урсула фон дер Лајен повторно му честиташе на Трамп за неговата „јасна победа“ и рече дека со нетрпение очекува повторно да соработуваат.

„Имам искуство во соработка со Трамп во неговиот претходен мандат. Ќе анализираме кои се заедничките интереси и ќе работиме на тоа“, изјави Лајен по пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Будимпешта.

Лајен рече дека Европа мора да ги зајакне своите одбранбени капацитети и да преземе одговорност и да работи на надминување на предизвиците.

„Иднината на Европа е во наши раце и мора да дејствуваме сега“, рече Лајен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се правеше паметен и постави албанско…

Утврден е идентитетот на лицето кое за…

Сите забрани се укинати, сообраќајот се одвива…

Патните правци во државата се проодни во…

Украина ја погоди базата на руската елитна…

Украинската војска соопшти дека погодила база на…

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕСТУВАЧ НА ОН: Во регионот постојат…

Специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата…