ЕУ: Косово мора да спроведе реформи и да ги нормализира односите со Србија за да напредува
Двата клучни услови за напредок на Косово на европскиот пат се спроведување реформи и нормализација на односите со Србија, изјави денеска портпаролката на Европската комисија задолжена за надворешни прашања и безбедносна политика, соседски односи и проширување, Јулија Мацик.
Според неа, ЕУ сака да ги укине мерките што беа воведени против Косово во 2023 година и да им помогне на косовските власти да го продолжат патот кон членство во Унијата.
„Комисијата во мај 2025 година ги презеде првите чекори кон постепено укинување на мерките што се во сила. Како што беше претходно кажано, нашата цел е понатамошно укинување на тие мерки. Го поздравуваме мирното предавање на локалната администрација во 4 северни општини и очекуваме новите претседатели на општините да ги претставуваат интересите на сите граѓани“, се наведува во нејзиниот одговор за koha.net.
Коха претходно објави дека ЕУ нема да ги укине мерките против Косово дури ни по предавањето на локалната власт на север на српските претставници кои победија на изборите.
Според информациите на порталот, Франција и Италија, со поддршка на Шпанија, Унгарија и Словачка, на последниот состанок се спротивставиле на укинувањето на мерките воведени кон Косово, а „најмалку 13 држави побарале нивно укинување“.
Според изјавите на некои европски дипломати за koha.net, Европската комисија „се крие зад некои земји-членки и води двојна игра“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велковски: Нема укинување на средствата во вториот…
Министерот за социјална политика, демографија и млади…
ЈП Македонија пат: Можна појава на поситни…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Трамп: Побарав од Путин да ја прекине…
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека…
Чупиќ за германска телевизија: Разочаран сум од…
Претседателот на Собранието на Србија, Александар Чупиќ,…
Двајца Албанци обвинети за кражба на манжетни…
Судот на Велика Британија соопшти дека двајца…