Објавено на:

ЕУ мобилизира итна помош додека пожарите во Франција и Шпанија излегуваат од контрола

t

Европската Унија мобилизираше дополнителни противпожарни сили откако големите шумски пожари во Франција и Шпанија зафатија повеќе од 122.000 хектари шумско земјиште, а службите за итни интервенции предупредуваат дека огнената стихија се шири побрзо отколку што може да биде ставена под контрола.

Во Франција пожарите зафатија околу 42.000 хектари, додека во Шпанија беснее рекорден пожар на површина од 80.000 хектари. Повеќе од 300.000 луѓе се евакуирани, што претставува една од најголемите евакуации во Европа предизвикани од шумски пожари.

Преку Механизмот за цивилна заштита, ЕУ испрати седум авиони и четири хеликоптери во Франција, како и шест авиони, 134 пожарникари и 41 возило во Шпанија. Во акцијата учествуваат Чешка, Хрватска, Германија, Португалија, Словачка, Шведска, Турција, Грција и Италија.

Од Европската комисија предупредија дека пожарите се шират со брзина што ги надминува капацитетите на противпожарните служби и оценија дека се потребни дополнителни ресурси, како и подобро управување со шумите за да се намали ризикот од вакви катастрофи во иднина.

Еврокомесарката за управување со кризи Хаџа Лахбиб изјави дека стотици илјади луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови, нагласувајќи дека ниту една држава не треба сама да се справува со катастрофи од вакви размери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…

Невреме и бури ја зафатија Шпанија, во…

102-годишна жена загина, а околу 90 лица…

Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…

Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…

(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…

Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…

Францускиот премиер свика кризен состанок откако училишните…

Францускиот премиер Себастијан Лекорни денеска свика кризен…