ЕУ му одговори на Косово кога ќе ги укине санкциите…
Шефот за соработка при Канцеларијата на Европската унија во Косово, Александро Бианкарди изјави дека санкциите кои официјален Брисел ги воведе кон Косово поради состојбата во северниот дел на земјата, населен со мнозинско српско население, се привремени и можат бргу да се повлечат, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во обраќање пред медиумите по денешната средба со косовскиот министер за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, Либурн Алиу, Бианкардо рече дека „веднаш штом дојде до деескалација на ситуацијата на (косовскиот) север согласно препораките на ЕУ, на Косово ќе му се врати финансиската и политичката помош“.
Политичката стабилност, рече европскиот дипломат, е предуслов за развојот и просперитетот на Косово и неговата интеграција во ЕУ.
-Се надеваме дека деескалацијата ќе се случи што поскоро, за да можеме да го вратиме нашиот фокус на реформите, што е од клучно значење за приближувањето на Косово до ЕУ, порача Бианкардо.
ЕУ, како и Соединетите Американски Држави, воведоа санкции кон владата на Албин Курти, со барање за повлекување на полициските специјалци од општинските згради во четирите општини во северно Косово – Северна Митровица, Звечане, Зубин Поток и Лепосавиќ, што делумно веќе е спроведено – како и организирање предвремени локални избори со учество на претставниците на косовските Срби.
Во април годинава партиите на етничките Срби ги бојкотираа локалните избори, на кои победија кандидати на партиите на косовските Албанци, по што уследија протести низ северно Косово. Курти одговори на протестите со ангажирање специјална полиција за заштита на новоизбраните градоначалници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Euronews: Брисел е заинтересиран да ги следи…
Европската комисија можеби тивко ги следи неидентификуваните…
Нови санкции од ЕУ за Русија на…
Европската Унија планира значително да ги прошири…
Ердоган: Членството во ЕУ повеќе не е…
Египет може да се приклучи на новопотпишаниот…
ЕУ од суфицит премина во дефицит, трговскиот…
Европската унија го заврши првото полугодие од…