ЕУ повикува на смиреност: Политичарите во БиХ да се воздржат од провокативна реторика

t

Шефот на Делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека, ги повика сите политичари во БиХ да се воздржат од реторика на провокации и дејствија што создаваат поделби, вклучително и доведување во прашање на уставниот поредок, суверенитетот, целовитоста и територијалниот интегритет на земјата.

Реакцијата доаѓа по првостепената пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ против претседателот на Република Српска. Милорад Додик беше прогласен за виновен и осуден на една година затвор и шест години забрана за политичко делување, по што даде серија изјави со кои ја негира државноста на БиХ, нејзиниот уставен поредок, а истовремено и ги навреди високиот претставник Кристијан Шмит, Европската Унија и нејзините претставници.

„Европската Унија е недвосмислено посветена на европската перспектива на Босна и Херцеговина како единствена, целовита и суверена земја“, изјави Сорека, се вели во соопштението од Делегацијата на ЕУ во БиХ.

Тој додаде дека Унијата, по одлуката на Европскиот совет во март 2024 година за отворање на пристапните преговори, ги охрабрува сите политички актери да се насочат кон европскиот пат во интерес на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарците усвоија закон со кој политичарите се…

Унгарскиот парламент усвои закон со цел оддалечување…

Кос: Албанија би можела да стане членка…

Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска…

Лидерите од Брдо-Бриони побараа објективен и предвидлив…

Целосното и навремено членство на земјите од…

Интерпол спроведе голема меѓународна акција: уапсени 65…

Во голема меѓународна операција за гранични проверки,…

Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора:…

Црна Гора нема да ги затвори преговорите…