ЕУ се гордее со успехот и напредокот на Хрватска, вели Фон дер Лајен

t

Претседателот на Европската комисија и неколку членови на Комисијата денеска го поздравија истовременото влегување на Хрватска во Шенген и во еврозоната како големо достигнување и за државата и за ЕУ.

Европската комисија објави опширно соопштение за медиумите во кое детално го опишува патот на Хрватска кон Шенген зоната и еврозоната.

Го поздравувам влезот на Хрватска во еврото и Шенген зоната. Од недела граѓаните кои влегуваат и излегуваат од Хрватска ќе можат да патуваат без контрола на внатрешните граници, се вели во изјавата на претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Таа истакнува дека тоа е „голем успех за Хрватска, симбол на нејзината цврсто вкоренета приврзаност кон ЕУ и симболичен момент за ЕУ ​​како целина“.

Ова, вели Фон дер Лајен, е момент на гордост за ЕУ, Хрватска и нејзините граѓани.

Ова е пресвртница на европскиот пат на Хрватска и тоа е целосно заслужено. Им честитам на сите Хрвати од се срце!, рече извршниот потпретседател на Комисијата, Валдис Домбровскис.

Комесарот за економија Паоло Џентилони вели дека оваа „Нова година ќе биде незаборавна“ за хрватскиот народ.

Каква историска пресвртница за Хрватска и за Европската Унија како целина! Можеби ниту една земја-членка на ЕУ не поминала толку неверојатно патување во последните три децении: од ужасите на војната во 1990-тите до членството во ЕУ во 2013 година и сега е подготвена да ужива во две од најопипливите придобивки од интеграцијата во ЕУ. Честитки за Хрватска!, рече Џентилони.

Комесарот за внатрешни работи Илва Јохансон вели дека секоја нова членка на Шенген ја прави Европската унија посилна.

Горда сум на работата што Комисијата и Хрватска ја направија заедно за Хрватите сега да можат да имаат корист од овој историски чекор напред, рече Јохансон и додаде дека останува посветена Бугарија и Романија што поскоро да станат членки на Шенген.

Советот за внатрешни работи на состанокот на 8 декември во Брисел го потврди влезот на Хрватска во Шенген, но Бугарија и Романија не добија зелено светло поради недостиг на консензус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првата група Рафали пристигна во Хрватска

Првата група од шест повеќенаменски борбени авиони…

Kурти смета дека местото на Косово е…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин…

Западен Балкан е сѐ поблиску до ЕУ,…

На 1 мај 2004 година мојот претходник…

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…

ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите:…

Владите на Европската Унија годишно губат 286,5…