ЕУ ја чека одлуката на Трамп за царините на автомобили и индустриски производи
Европската Унија очекува претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, да објави извршни мерки со кои би се официјализирало намалувањето на американските царини за увоз на автомобили од Европската Унија, како и ослободување од царини за одредени индустриски производи како што се делови за авиоиндустријата, според анонимни информирани извори за Блумберг.
Се очекува и заедничка изјава на претседателот Трамп и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со која би се потврдиле политичките обврски договорени во текот на јули.
Како САД ќе ги формализираат овие одлуки – дали со декрет, меморандум или во некоја друга форма – останува да се види, додадоа изворите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…
Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…
Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора:…
Црна Гора нема да ги затвори преговорите…
Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…
Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…
Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…