ЕУ ќе одлучува дали Босна и Херцеговина ќе добие кандидатски статус!
Барањето на Босна и Херцеговина да стане земја кандидат за членство во ЕУ ќе се најде на дневен ред на состанокот на министрите за европски прашања на Унијата, што денеска ќе се одржи во Брисел.
Доколку амбасадорите претходно дадат „зелено светло”, таа одлука денеска би ја потврдиле министрите, а потоа и лидерите на ЕУ на 15 декември на нивниот самит.
Вчера претставниците на ЕУ не можеа да кажат дали Унијата ќе ја донесе оваа одлука за БиХ и дали некои земји-членки на ЕУ се уште се колебаат.
Според европскиот портал Еурактив, неколку земји членки го поддржале кандидатскиот статус за БиХ, а противници се Франција, Холандија и донекаде Германија, но Хаг, како што се наведува, денеска нема да се спротивстави на одлуката.
БиХ аплицираше за членство во ЕУ во 2016 година, а во октомври Европската комисија препорача земјите-членки да и дадат кандидатски статус на БиХ, но со листа од осум услови кои земјата мора да ги исполни во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фрлен солзавец во ноќен клуб во БиХ,…
Ноќна забава во Тешањ, Босна и Херцеговина,…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…