Жалам што ги послушавме советите на ЕУ и не направивме ветинг на судиите и обвинителитe, вели Пендаровски
Говорејќи за владеењето на правото, во вечерашното интервју за „Тема на денот” на телевизија Сител претседателот Пендаровски потенцираше дека проблемите во македонското правосудство се присутни долги години наназад и дека се системски, односно структурни. Тој проблем, како што рече претседателот Пендаровски, не се решава со неколку разрешувања или кадровски промени.
„Станува збор за системски проблем и тој може да се реши или да се ублажи само со системски промени. Една од тие системски промени, е комплетниот ветинг во правосудниот систем и жалам што, слушајќи ги советите на високите европски функционери во 2016 и 2017 година, кога се промени структурата на власта, ние не влеговме во тој процес. Гледајќи ги ефектите од немањето ветинг во Македонија, мислам дека не можеше да биде полошо во таа смисла ако направевме комплетен ветинг”, подвлече претседателот Пендаровски.
Во оваа насока, тој се осврна и на црната листа на САД, истакнувајќи дека истата придонесува за кревање на свеста кај политичките субјекти.
„Не е сеедно што Америка мисли, или не мисли за владеење на правото и на американската амбасадорка лично и реков дека треба да продолжат во таа насока”, заклучи претседателот Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
Урсула фон дер Лајен следната недела во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…