Жена од Кавадарци жртва на семејно насилство, доби 10 години затвор, зашто го убила и запалила партнерот
Педесет и едногодишната М.Б. од Кавадарци е неправосилно осудена на 10 години затвор затоа што го убила и запалила партнерот, 71-годишниот И.М. од Кавадарци откако тој ѝ вршел семејно насилство, објави Сакам да кажам.
Телото на починатиот беше пронајдено лани на 8 септември. Жената била во домот на И.М. со кого била во љубовна врска, го повредила со остар предмет го запалила и го напуштила местото.
„Обвинетата го признава делото во целост. Од доказите не може да се заклучи дека го сторила делото во нужна одбрана бидејќи по неколкуте убоди партнерот паднал на земја а таа продолжила да му нанесува нови убоди. Ниту ова е убиство од миг или стеснета свест, образложила судијката Габриела Гајдова.
Обвинетата пред да го изврши убиството, била физички малтретирана. Жената останува во притвор до правосилноста на пресудата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…
Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…