Објавено на:

Жена почина на избирачко место, претседател на ИО се успа бидејќи работел ноќна смена: Траги-комични избори во БиХ

t

Денеска во Босна и Херцеговина се спроведуваат општи избори на кои граѓаните бираат народни преставници од целата држава.

Отворени 5.903 избирачки места на кои можност за гласање на општите избори ќе имаат 3.368.666 гласачи запишани во Централниот избирачки список.

Изборите не поминуваат без инциденти, најпрво претседател на избирачки одбор се успал и задоцнил на отварање на избирачко место бидејќи работел ноќна смена, а подоцна жена починала од епилептичен напад на избирачко место.

Жена загина на избирачко место

Избирачкото место во сараевската населба Грбавица е привремено затворено бидејќи 80-годишна жена починала откако имала епилептичен напад на влезот во тоа избирачко место.

Брзата помош и полиција биле на лице место, лекарите се обиделе да ја спасат жената, но по еден час реанимација таа починала.

Претседателот на ИО се успал, задоцни отварање на избирачко место

Гласањето на едно избирачко место во Сараево доцнеше околу еден час бидејќи претседателот на избирачкиот одбор преспал. Станува збор за избирачко место 018, месна заедница Циглана во Сараево.

Информацијата ја потврди Мерима Брдариќ, претседателката на општинската изборна комисија Центар.

„Тоа место сега работи како што треба и подоцна ќе биде затворено, според доцнењето на отворањето“, рече Брдариќ и додаде дека доцнењето не било намерно.

Како што рече, претседателот на овој избирачки одбор заспал. Инаку, зборуваме за човек кој работи ноќна смена, па утрово не станал на време. Го разбудила полицијата која пристигнала на неговата адреса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата одлучи: 24 април и 8 мај…

На 16. седница, Владата заклучи 24 април…

Бизарен случај: Уапсен Босанец откако синот хомосексуалец…

Граѓанин на БиХ завршил во регионалниот суд…

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Гренел: Вучиќ убедливо победи на изборите во…

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд…

Еве како ќе изгледа парламентот на Србија…

Според 50 отсто обработени избирачки места, листата…