Жерновски за посетата на Муцунски во Вашингтон: Министер за надворешни работи се слика како насмеано среќно дете пред да влезе во “Дизниленд”

t

Ова е македонскиот министер за надворешни работи. Тажно, нели?
Да беше неискусен, ај и да разберам. Но се работи за единствениот од овој состав кој бил член и на владата на Груевски.

Оваа фотографија, која самиот ја постирал ,кажува колку е забегана работата.

Прво, јасен е недостатокот на елементарно чувство на емпатија и солидарност со граѓаните кои го дишат токсичниот чад од Вардариште, Дрисла, Трубарево… Веројатно пораката е: “Поздрав до сите што се гушите во загадениот воздух, јас си се снајдов и си долетав до Вашингтон на чист воздух. Ви благодарам, бидејќи вие ми го плативте патот до овде! Немате веќе пари бидејќи се’ е поскапено? Баш ми е жал.”

Второ, да најавиш започнување на работна посета во главниот град на САД со селфи како џогираш во тренерчиња, зборува за целосна напрофесионслност и дилетантизам.

Трето, да се одјавиш со зборовите “заедно”, а да се сликаш сам, без ниту една жива душа до и околу тебе, кажува дека проблемот треба да се бара подлабоко.

За жал, на ваков начин само продолжува урнисување на угледот и авторитетот на македонската дипломатија. Кога ова го гледаат и го читаат дипломати и амбасадори, можете и сами да заклучите кое мислење го имаат за нашата надворешна политика.
Пресериозни се предизвиците со кои се соочуваме за да се дозволат вакви недоветни објави,

И уште нешто. Малку е смешно во моментите кога премиерот ни зборува дека сме сериозно нападпаднати од разни странски центри на моќ, неговиот министер за надворешни работи да се слика како насмеано среќно дете пред да влезе во “Дизниленд”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АЛТА банка денес изврши исплата на средства…

Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…

Извршниот комитет на Движењето за силата на…