Жестока масовна тепачка во струмичко: Повредени повеќе лица
На 11.10.2026 во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М. и К.М. од една страна и П.С., М.С., Т.С., С.С., С.С. и С.С., од друга страна, сите од село Баница, во која со различни предмети си нанеле повреди по главата и телото.
Повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде кај лицата Р.М., К.М., Т.С. и М.С. биле констатирани тешки телесни повреди.
Предметите кои ги користеле при пресметката се пронајдени и одземени. За настанот е известен јавен обвинител.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исчезна 15 годишно девојче од Куманово
Девојче (15) доцна синоќа е пријавено за…
Бугарскиот печат и социолошките аналитичари за прогнозите…
Спроти вториот круг од изборите за седмиот…
Почина легендата на хрватската музика, Мишо Ковач
Според неофицијални информации до кои дошла „Слободна…
Француските средношколци и студенти повикаа на блокади…
Синдикатите на средношколците и на студентите во…
Тирана повторно во хаос: Молотови коктели врз…
Деветнаесетти ден од протестите во Албанија донесе…