Жив сум и здрав, не ја разбирам вревата околу мојата болест“, напиша Кадиров

t

На официјалниот Телеграм профил на Рамзан Кадиров, лидерот на Руската Чеченска Република и силен сојузник на претседателот Владимир Путин, се појави видео на кое тој ги негира информациите од социјалните мрежи дека е во лоша здравствена состојба.

Како што јави Ројтерс, на нивно прашање до официјален Кремљ дали 46-годишниот Кадиров се лекува во болница во Москва, Кремљ одговорил дека нема информации за случајот.

Меѓутоа, на видео објавено на каналот Телеграм на Кадиров, се гледа како тој седи покрај човек за кој вели дека е „нашиот драг вујко Махомед Абдулхамидович Кадиров“ па пријателски го удира по раката и главата.

Сепак според Ројтерс, не е јасно кога точно видеото е снимено.

„Слава на Семоќниот, жив сум и здрав и воопшто не ми е јасно зошто би имало гужва дури и во случај на моја болест?“, стои во објавата која наводно ја напишал Кадиров.

Портпаролите на чеченскиот лидер не возвратиле на повеќето повици од Ројтерс претходно за да ги коментираат извештаите дека Кадиров е тешко болен.

На 15 септември, украинската тајна служба на своите канали Телеграм објави дека чеченскиот лидер наводно е во тешка состојба и паднал во кома. Никој од официјалните лица не ја потврди оваа вест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина сака во ЕУ, но одбива трајни…

Украина е подготвена да прифати привремени ограничувања…

ДРАМА НА НЕБОТО НАД ЕВРОПА: Авион од…

**Авион на „Ер Србија“, кој вечерва полетал…

Пријавени прекини на интернет во делови од…

Во делови од Техеран се пријавени прекини…

„Кан“: Ирачкиот Катаиб Хезболах се закани дека…

Ирачката вооружена група Катаиб Хезболах, која е…

Николоски: „Гересхајмер“ со 120 милиони евра инвестиции…

Компанијата „Гересхајмер“ е значаен инвеститор во Македонија,…