Жител на Тетово остана и без 21.000 евра и без роба откако извршил нарачка преку интернет во Германија
СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот регион пријавил измама во која дал пари на странска фирма за набавка на роба, па открил дека е измамен по информација од германски служби. Тој нарачувал преку интернет.
– На 23.04.2024 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од 23.03.2024 до денот на пријавувањето бил измамен од странска фирма за продажба и компанија за транспорт.
Според пријавеното, тој преку интернет порачал роба за потребите на неговата фирма, за која преку банкарски трансакции во неколку наврати платил околу 21 илјада евра, но на 17.04.2024 од компанијата за транспорт го известиле дека нарачката била блокирана во Германија.
Како што е пријавено, Б.Ф. стапил во контакт со надлежна служба во Германија, од каде му било кажано дека кај нив нема регистрирано таква стока, по што сфатил дека е измамен, информира СВР Тетово.
Тетовската полиција работи на расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…
Американската компанија „Ковенант“ ќе произведува крстосувачки ракети…
Американскиот одбранбен контрактор „Ковенант“ планира да отвори…
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
Паника во источна Германија: Полицијата деактивираше 21…
Обвинителството во источната германска покраина Саксонија во…