Жозеп Борел: Страдањето на цивилното палестинско население нема да придонесе за пораз на Хамас

t

Страдањето на цивилното палестинско население во Газа нема да придонесе да се порази Хамас и неговата идеологија и нема да му донесе поголема безбедноста на Израел, изјави вечерва високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел по завршувањето на Советот за надворешни работи на Европската Унија во Брисел, на кој главни теми беа состојба во регионот на Блискиот Исток и руска агресија врз Украина.

Затоа заедно со нашите меѓународната партнери мораме да ги удвоивме напорите и да преминеме од оваа сложена конфронтација кон мировно решение, додаде Борел, посочувајќи дека европските шефови на дипломатии имале одвоени средби со израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац, потоа со нивните колеги од Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан Ал Сауд, на Египет, Самех Шукри и на Јордан, Ајман Сафади и со генералниот секретар на Лигата на арапски држави, Ахмед Абул Геит и на крајот со министерот за надворешни работи на Палестинската автономна управа, Ријад ал Малики, со кои разговарале за случувањата во поширокиот регион на Блискиот Исток.

Борел посочи дека на Советот е постигната согласност дека целосно се поддржува Агенција на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) и е испратена јасна порака оти се неприфатливи критиките на нејзината работа од страна на некои израелски владини претставници, а исто така е изразена и поддршка на Палестинската автономна управа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блинкен го повика Хамас да го прифати…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го…

„Шпигел“: Во Бугарија откриено складиште за оружје…

Бугарските истражни органи откриле складиште со оружје…

Од почетокот на војната во Газа, загинаа…

Министерството за здравство, кое е под контрола…

Трамп целосно го поддржува Израел: Само идиот…

Судејќи според она што го кажа за…

Израел ги негира тврдењата на Хамас дека…

Владата на Хамас во Појасот Газа соопшти…