Жртвите на насилство ќе добиваат оштета од 10.000 евра: Ако не можат насилниците ќе плаќа државата

t

Собранието попладнево во рамки на 91.седница ги донесе Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство, како и измените и дополнувањата на законите за даночна постапка и за регистрирање на готовински плаќања.

Пратениците од власта и од опозицијата беа едногласни дека законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство заслужува внимание, бидејќи таргетира група жртви на семејно насилство, оди во насока на нивни поголеми права и поедноставување на процедурата за нивно обесштетување.

Обесштетување од државата им следува на жртвите на насилниците, силувачите, трговците со луѓе, терористите итн. Во овој закон се опфатени дела сторени со примена на физичка сила, родово базирано насилство, засновање ропски однос, трговија со луѓе, трговија со дете, дела против половата слобода и половиот морал или дела со кои со општоопасно дејство или средство се доведува во опасност животот или имотот на лицето, дело што предизвикало смрт, тешки телесни повреди или тешко нарушување на физичкото или на психичкото здравје на едно или на повеќе лица.

Доколку насилниците не можат да ја платат оштетата жртвите на насилни кривични дела ќе можат да добијат отштета до 10.000 евра од државната каса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во секоја општина да се отвори семеен…

По последните случаи со насилство во Гостивар…

Грк ja истепал двојно помладата партнерка во…

65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот…

Адвокатката Ристова: Обвинителството не го заштити тепаното…

По вознемирувачкиот случај на физички и психички…

Професор во средно училиште во Кичево натепал…

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…

За 8 март дури осум пријави за…

На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…