Заврши мисијата на Србите кај нас, Македонија продолжува да се бори со пожарите
Се интервенира и од копно и од воздух врз девет активни пожари во Македонија. Најкритични се пожарите во околината на Чашка. Главоболка на пожарникарите им создаваат и жариштата на Серта кои денеска повторно се активираа.
Огнените стихии и во Македонски брод, Кавадрци и Градско се проценуваат како приоритетни
Во меѓувреме српските пилоти и припадници на МВР се спакуваа и си заминаа. Им заврши петдневната мисија во Македонија во гаснењето на пожарите. Беа од голема помош, пилотите гаснеа во повеќе делови со српскиот ѕвер.
– Припадниците на МВР за пет работни дена со хеликоптерот Камов Ка-32, специјализиран за гаснење пожари на отворен простор, исфрли вкупно 182 тони вода и успешно го изгаснаа пожарот кај селото Росоман, кај Радовиш пожарот го ставија под контрола, а заедно со други домашни и меѓународни екипи дејствуваа и на локации кај Ново Село, на планината Огражден и во местото Пипирево, соопшти МВР на Србија.
Најавените врнежи од дожд во текот на следната недела претставуваат надеж за службите дека ќе изгаснат барем неколку пламени јазици низ државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена со бугарско потекло загина во Израел
Постара Израелка со бугарски корени загина во…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…
Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…
ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…
Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…