Заврши првата рунда преговори на СОНК и МОН со медијатор: Се договорија да се договорат во петок
Претседателот на СОНК Јаким Неделков соопшти дека завршила денешната рунда преговори со Министерството за образование и наука под покровителство на помирувач и дека преговорите ќе продолжат во петок кога очекуваат и конкретни одговори на нивните предлози.
„Заврши денешната рунда на преговори со МОН, под покровителство на помирувач. Сите прашања кои се отворени, врз основа на нашите барања беа дискутирани, анализирани, аргументирани од двете страни“, напиша Неделков на Фејсбук.
Неделков денеска изјави дека се на почеток на преговорите, но дека не почнуваат од нула што, рече, би одзело многу време и енергија.
„Сите имаме очекувања да излеземе од овој штрајк со позитивен резултат и не како победници, туку како социјални партнери, кои ќе најдат заедички прифатливи решенија, каде што нема да има победници и губитници…Најголемата придобивка е отворање на Пандорината кутија за усогласување на платите во сите дејности и во приватниот и во јавниот сектор“, рече Неделков.
Рокот за медијација и усогласување на ставовите е десет дена и ако во тој рок не се постигне договор, преговорите ќе мора да се продолжат за уште десет дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: Проверките на МОН покажаа различни недостатоци…
Институт за бизнис економија во Скопје, Институт…
Студентарија: Повторно стотици студенти неосновано го изгубија…
Овој месец стотици студенти во државата останаа…
МОН воведе четбот за користење на електронскиот…
Од Министерството објаснуваат дека ова унапредување на…
МОН: Левица манипулира со ревизорски извештај од…
Министерството за образование и наука (МОН) реагираше…
Левица: Министерството за образование како селска крчма
Последниот јавно-достапен извештај, на Државен завод за…